За Нас

about us

Сметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. Практичарите се нарекуваат сметководители. Основата на секој сметководител треба да се темели врз националните сметководствени стандарди (US GAAP, General Accepted Accounting Principles), меѓународните сметководствени стандарди (IAS-International Accounting Standards) и друго. Секој кој се занимава со некоја стопанска дејност е должен да води евиденција според меѓународните стандарди.



about us
ВИДМАР КОМПАНИ

Нашето работење првенствено е ориентирано на градење на долгорочни деловни односи со нашите клиенти, стекнување на потполна доверба и меѓусебно разбирање на партнерска основа. Нашата посветеност кон решавање на проблемите без разлика на нивната сложеност, постојано учење и усовршување на знаењето и способностите има за цел да станеме идеален партнер за подршка и унапредување на работата на нашите клиенти.

За исполнување на зацртаните цели од нашите вработени бараме исполнување на неколку принципи и тоа: стручност, љубезност, точност и информираност. Меѓутоа, сметаме дека не е доволно само ние да бидеме информирани , туку дека исто толку е важна и информираноста на нашите клиенти. Со цел потребните информации да дојдат до нив, на ова место ќе бидат презентирани написи посветени на актуелните стопански, сметководствени , даночни и правни теми.

Основниот приод на работењето на Видмар Компани е максималната одговорност кон клиентот, што овозможува не само услуга со најголем можен степен на квалитет, туку можност во Видмар Компани да се здобиете со свој постојан деловен советник.

Својата цел - Вашето поуспешно работење, Видмар Компани ја постигнува преку реализацијата на индивидуалниот консултации.